Фотовест
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, со пригодна програма го одбележаа учениците од две кичевски основни училишта, заедно со основците од селото Другово. Тие во деведесетминутната програма пред присутните во салата на Центарот за култура го изведоа рециталот „Без јазик си никој и ништо“. Во вториот дел, пак, беше презентиран проектот „Читаме, пишуваме и осознаваме“.
Учениците од ОУ „Христо Узунов“ во селото Другово и од двете градски основни училишта „Кузман Јосифоски –Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноски“, по првиот дел на програмата, читаа и фрагменти од книгата „Алиса во земјата на чудата“ на писателот Луис Карол, а беше изведена и претставата „Рибарот и златната рипка“ на Александар Пушкин.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за образование.
Текст и фото: З.А.