Фото: ЕПА

За пласман во четврт-финалето ќе играат, на пример, Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, Баерн – Баер и Пари сен Жермен – Ливерпул

ФУДБАЛ – ЖДРЕПКА ЗА ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ

Серија дерби-натпревари следуваат во осминафиналето на Лигата на шампионите, реши ждрепката влечена вчера во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА). Така, за пласман во четврт-финалето ќе има два дуела на тимови од иста земја, и тоа Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (двата клуба играа меѓу себе и во финалињата во 2014 и во 2016 година) и Баерн – Баер, а на програмата ќе биде и натпреварот на водечките тимови од Франција и од Англија, Пари сен Жермен – Ливерпул.
Ждрепката одреди и две двојки на тимови што веќе играа меѓу себе сезонава во лигашкиот дел, Клуб Бриж – Астон вила (се сретнаа во четвртото коло) и Барселона – Бенфика (во седмото коло). Други двојки за осминафиналето се ПСВ Ајндховен – Арсенал, Борусија Дортмунд – Лил и Феенорд – Интер. Дуелите Барселона – Бенфика и Феенорд – Интер се и натпревари помеѓу некогашни европски прваци. Сите натпревари на програмата се од 4 до 12 март.

Истовремено вчера беа одредени и двојките за четврт-финалето и за полуфиналето на Лигата на шампионите, па така, на пример, во финалето во Минхен (Германија) еден финалист ќе биде еден од овие осум тима, Пари сен Жермен, Ливерпул, Клуб Бриж, Астон вила, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, ПСВ Ајндховен или Арсенал, а другиот финалист ќе биде еден клуб од другите осум осминафиналисти, Бенфика, Барселона, Борусија Дортмунд, Баерн, Баер, Феенорд и Интер.
Вчера беа влечени и ждрепките за осминафиналињата во Лига Европа и во Конференциската лига и во двете натпреварувања нема меѓусебни мечеви на тимови од иста земја.

Така, во Лига Европа двојките се Плзен – Лацио, Бодо – Олимпијакос, Ајакс – Ајнтрахт, АЗ – Тотенхем, Рома – Атлетик Билбао, Фенербахче – Глазгов Ренџерс, ФЦСБ – Лион и Сосиедад – Манчестер јунајтед. Во Конференциската лига, пак, победникот на лигашката фаза, Челси, ќе се сретне со Копенхаген, а другите двојки се Бетис – Виторија Гимараеш, Јагиелонија – Серкл Бриж, Целје – Лугано, Панатинаикос – Фиорентина, Молде – Легија, Пафос – Ѓургарден и Борац Бања Лука – Рапид Виена.
Со натпреварите во сите три купа продолжува и трката за деветте дополнителни места во Лигата на шампионите за идната сезона, кои ќе ги добијат двете земји со најдобар вкупен ефект на тимовите во сите европски клупски натпреварувања сезонава, за што се сметаат сите резултати и пласмани на клубовите во Лигата на шампионите, Лига Европа и во Конференциската лига. Н.М.


Европската сезона ја продолжуваат тимови од рекордни 22 земји

Вкупно 22 земји имаат претставници во осминафиналињата на европските фудбалски купови сезонава, во Лигата на шампионите, Лига Европа и во Конференциската лига.
Така, барем еден тим во следната рунда на европската сезона има од Англија, Португалија, Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Грција, Шкотска, Чешка, Норвешка, Турција, Романија, Австрија, Шведска, Швајцарија, Полска, Словенија, Данска, Кипар и од БиХ.
Лани и преклани имаше вкупно по 17 земји членки на Европската фудбалска унија (УЕФА) со барем по еден претставник во осминафиналињата, а во сезоната 2021/2022, прва во која се воведе Конференциската лига, настапија клубови од 18 земји во трите осминафиналиња. Н.М.


ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ОСМИНАФИНАЛЕ

1. Пари сен Жермен – Ливерпул
2. Клуб Бриж – Астон вила
3. Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
4. ПСВ Ајндховен – Арсенал
5. Бенфика – Барселона
6. Борусија Дортмунд – Лил
7. Баерн – Баер
8. Феенорд – Интер
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Победник 1 – Победник 2
Б. Победник 4 – Победник 3
В. Победник 5 – Победник 6
Г. Победник 7 – Победник 8

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник Б – Победник А
Победник В – Победник Г

ЛИГА ЕВРОПА
ОСМИНАФИНАЛЕ

1. Плзен – Лацио
2. Бодо – Олимпијакос
3. Ајакс – Ајнтрахт
4. АЗ – Тотенхем
5. Рома – Атлетик Билбао
6. Фенербахче – Ренџерс
7. ФЦСБ – Лион
8. Сосиедад – Манчестер јунајтед

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Победник 2 – Победник 1
Б. Победник 4 – Победник 3
В. Победник 6 – Победник 5
Г. Победник 7 – Победник 8
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник Б – Победник А
Победник В – Победник Г

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Бетис – Виторија
2. Јагиелонија – Серкл Бриж
3. Целје – Лугано
4. Панатинаикос – Фиорентина
5. Копенхаген – Челси
6. Молде – Легија
7. Пафос – Ѓургарден
8. Борац Бања Лука – Рапид Виена
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Победник 1 – Победник 2
Б. Победник 3 – Победник 4
В. Победник 5 – Победник 6
Г. Победник 7 – Победник 8
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник А – Победник Б
Победник В – Победник Г