Синоќа во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје беше отворена официјалната изложба и беа доделени награди и признанија на уметници и сорботници на „Остен“, по повод 80 години постоење на оваа културна институција, која предизвика голем интерес.
Симболично, на изложбата изложуваат 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји, од кои повеќето лично дојдоа од различни страни на светот да ги примат наградите. Изложени се дела од визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.
![](https://novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/dad4608c-09d7-4709-bfab-fab81edbc040-696x313.jpg)
Денеска напладне во галеријата на „Остен“ на улица „Максим Горки“ во центарот на градот, по повод прогласуавњето на Киро Урдин за Уметник на светтот, беше отворена негова ликовна изложба.
![](https://novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/kiro-urdin-izlozba-3--489x696.jpg)
– Оваа година имаме Уметник на светот на кого оваа награда најмногу му прилега, бидејќи има творено насекаде во светот на сите континенти, создава дела во различни медиуми, слики, скулптури, автор е на филмови, афорзими, поезија и ако со еден збор сакаме да го опишеме Киро Урдин тоа е универзалеен – рече на отворањето на изложбата Корнелија Конеска.
Од своја страна Урдин посочи дека уметноста е неизвесност, но истовремено, носи надеж дека човекот можеби благодарение токму на неа некогаш ќе се хуманизира.
– Светот кој е се повеќе поделен уметноста го соединува. Ви благодарам на сите на присуството и можноста да го споделиме нашето пријателство во овој краток момент – изјави Урдин.
Тој дополни дека уметниците од целиот свет, кои годинава се гости на биеналето, со своето присуство го збогатиле настаноот.
Следеше одење во просториите на ЕУ во центарот на Скопје и поптишување на графичките мапи од страна на сите учесници на биеналето на „Остен“. М.Т.