Француските спасувачки служби за време на Божиќ успеале да спасат вкупно 107 мигранти кои преку каналот Ла Манш се обидувале да стигнат до бреговите на Англија, јавија денеска француските медиуми.
Како што соопшти префектурата на областа, поради поволните временски услови вчера, на католички Божиќ, регистрирани се голем број бродски поаѓања со мигранти од бреговите на северна Франција, објави весникот Фигаро.
Регионалниот центар за спасување имаше вкупно 12 операции за Божиќ. Како што предупредија, Ла Манш е особено опасна област во текот на зимата поради нестабилните и преоптоварени бродови кои превезуваат мигранти, пренесува Танјуг.
Од почетокот на оваа година, според официјалните податоци, најмалку 73 мигранти ги загубиле животите обидувајќи се на тој начин да стигнат до Англија.