Фото: Руски претседател/Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин кој во моментот ја одржува својата традиционална прес-конференција за крајот на годината нагласи дека економската состојба во државата е стабилна.

-Економијата е важна, да почнеме со неа и покрај провокативните прашања- рече Путин на почетокот, додавајќи дека економската ситуација во земјата е стабилна и дека годинава растот на БДП во Русија може да биде 3,9 или 4 проценти.

Путин потоа додаде дека Русија е пред Европа, а Кина, САД и Индија се пред Москва во однос на економскиот развој.

-Еврозоната спие, но тоа не значи дека нема нови економски можности. Приходите на домаќинствата растат, но имаме некои проблеми со инфлацијата, економијата можеби е загреана и централната банка си постави барање за намалување инфлација – рече Путин.

-Во исто време, приходите на домаќинствата растат над инфлацијата. Генерално, ситуацијата е стабилна и сигурна – тврди Путин.

Економскиот раст во голема мера е резултат на зајакнувањето на суверенитетот, вели тој.

-Некои производители го напуштија рускиот пазар, што доведе до тоа нашите претприемачи сами да почнат да ги произведуваат овие производи. Ова е особено важно за нашата земја – рече тој.