Фото: Илустрација/Принтскрин

Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита – генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник – мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва.

„Уапсен е државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година, под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов. Како резултат на нашите заеднички оперативно-истражни дејствија со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, државјанин на Република Узбекистан, роден 1995 година, кој поставил импровизирана експлозивна направа во станбена зграда на Рјазански проспект во Москва, е идентификуваа и приведен”, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Според информациите од руските власти, осомничениот признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби. Му ветиле 100.000 долари и азил во земја на ЕУ, соопштија од прес-центарот на ФСБ Осомничениот е предаден на истражителите, соопшти Истражниот комитет на Русија.