Фото: Пиксабеј

Во Грција на бензинските пумпи се вршат масовни контроли за квалитетот и потеклото на продаденото гориво. Констатирани се многу прекршувања, објави Бугарското национално радио, пренесувајќи го јавувањето на својата дописничка.

Според Сојузот на потрошувачи, мострите се земаат од горивото што се продава на бензинските пумпи низ земјата по пријави од клиенти или по случаен избор. Досега надлежните идентификуваа многу случаи на разреден бензин. Дизелот се разредува со поморско гориво. Доколку се најдат такви случаи, бензинската пумпа се затвора, можни се високи казни и одземање на лиценцата.

За само еден ден затворени се шест бензински пумпи кои продавале неквалитетно гориво нелегално увезено во земјата, соопштила грчката царина.

Надлежните препорачуваат клиентите да ја чуваат сметката при полнење гориво. Така, во случај на последователно оштетување на автомобилот предизвикано од неквалитетно гориво, тие ќе имаат право на компензација.