Фото: Дом на култура „Иван Мазов Климе“

Младиот музичар Јордан Костов на хармоника и вокал, Маки Хачија пијано и вокал од
Јапонија и Драган Теодосиев на тапани го сочинуваат триото кои синоќа со својот концерт во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци го донесоа духот на алтернативаната музика, подземјето и авангардата од Токио но и во други свери во кои истовремено се потпира она што значи традиција и етнографија во музиката. Кавадараци е роден град на Јордан Костов каде го започнал своето музичко образование па затоа ова несекојдневно доживување им го подари на своите сограѓани заедно со уште двајца музичари со групата која го носи неговото име
„Јордан Костов Трио“.

Нивната порака до публиката во Кавадареци беше дека ќе можат да слушнат испреплетување на повеќе музички свери, балансиран контраст на импро и комплексни и едноставни мелодии со моменти на космички звук, хармонски манипулации и таканаречена Арт од енергична вокална техника, модерен џез и силна ритам секција.

Инаку Јордан Костов е македонски уметник , ,хармоникаш, пијанист, композитор,
импровизатор и аранжер. Своето музичко образование го завршува во Македонија и решава да замине низ светот во потрага по сопствениот музички израз. Долго време живее во Шангај, потоа Токио, Берлин и Париз… Во изјавата за Нова Македонија вели дека неговиот опсег на музика е многу опширен и се движи од класика па се до модерни стилови со примеси на етнографија како еден голем музички микс Тој е немирен глобтротер кој се обидува да ја надмине конвенционалната креативна комуникација со различни светски музики.

Најчесто слободна во поглед на формата, музиката на Костов се движи низ и отаде рамките на џез и различните светски музики и таа честопати се опишува како авангардна, надреална, психоделична, целеребрална, ориентален фолк џез итн. Свири соло, во мали џез состави, биг бендови и ансамбли, со невообичаени инструментариумски комбинации. По настапите низ Балканот, Европа, САД, пресвртница во неговата кариера претставуваат неговите зачестени патувања низ далечниот исток Кина, Јапониј, Виетнам во рамките на кои тој го гради својот препознатлив израз. Овие патувања , заедно со еволуцијата на неговиот музички израз, сеуште траат….

Макато Хачија е исто така светски музичар, композитор, пијанист , вокалисти
импровизатор Покрај нејзиното влијание на музичката сцена во Токио и Јапонија редовно настапува во Париз Њујорк,, Либан, Виетнам, Италија, Франција и Швајцарија. Соработува со музичари од Бразил, Африка, Скандинавија, Америка и Македонија. Ова е нејзино второ доаѓање во Кавадарци. Драган Теодосиев е редовен соработник и еден од најважните чинители на македонското музичко сценарио.

М.М.