фото: Архива

Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со електрична енергија на целото дебарско конзумно подрачје.

-Причина за прекинот беше испадот на 35 киловолтна доводна склопка на регулационен трансформатор во Хидроелектраната „Шпилје“. Екипите на ХЕС „Црн Дрим“ успешно го решија проблемот за кратко време и покрај лошите временски услови во поширокиот дебарски регион – изјавија за МИА од ЕСМ.

Без струја повеќе од еден час беа потрошувачите од конзумното подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

-До сега нема пријавени штети, сообраќајот во регионот се одвива по влажни коловози, но се препорачува голема внимателност поради честите одрони од камен и земја. Екипи на дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на регонални и макистрални патишпта се постојано на терен во расчистување на истите – рече за МИА, Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.