Фото: „Нова Македонија“

Уште еден дополнителен силен проблем во законодавниот дом на Бугарија. Имено, новиот бугарски парламент не можеше да собере мнозинство за да избере спикер во текот на изминатата недела, блокирајќи ја работата на институцијата и зголемувајќи ги можностите за нови предвремени општи избори

Без спикер, бугарскиот парламент не може да функционира, што значи дека не може да продолжи со процесот на избор на влада ниту да ги носи важните закони поврзани со планот за закрепнување, пренесува „Еурактив“. Со други зборови, парламентот не може да функционира без спикер.
Новиот бугарски парламент не можеше да собере мнозинство за да избере спикер во текот на изминатата недела, блокирајќи ја работата на институцијата и зголемувајќи ги можностите за нови предвремени општи избори.
Во петокот пропадна третиот обид за избор на претседател на новоизбраното 51. Народно собрание. Се гласаше помеѓу кандидатите од двете водечки политички сили – Раја Назарјан (ГЕРБ/ЕПП) и Андреј Цеков (ПП-ДБ, Обнови ја Европа, ЕПП), но ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство.
Политичкиот влог од изборот е голем бидејќи претседателот на парламентот е во позиција да биде назначен за иден привремен премиер доколку Бугарија повторно излезе на избори зимава. Во изминатите осум месеци привремен премиер беше Димитар Главчев, поранешен член на партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. Токму Борисов, од своја страна, ја истакна можноста за коалиција со ПП-ДБ, проруската Бугарска социјалистичка партија (ПЕС) и популистичката Има таков народ.
Во петокот Борисов посочи дека сака да коалицира со ПП-ДБ, велејќи дека презел писмени обврски за сите прашања, но сѐ уште нема потврда дека навистина ги дал потребните политички гаранции.
Услов на Борисов за коалициски преговори со другите партии е токму поддршката на неговиот заменик при изборот за претседател на парламентот, што би ја консолидирало неговата моќ во случај на пролонгирана политичка криза и назначување нов привремен премиер. Р.С.