Рајан Боргвард (45) од американската сојузна држава Висконсин исчезна на 11 август. Тогаш последен пат беше виден на Грин Лејк, и иако на почетокот се веруваше дека сопругот и татко на три деца се удавил во споменатото езеро, сега се сомнева дека Рајан можеби ја лажирал сопствената смрт и побегнал во Европа заради друга жена, пишува Њусвик.
-Кобната вечер, тој ѝ испрати порака на сопругата дека го врти назад својот кајак и се упатува кон брегот, но за жал никогаш не се врати дома – изјави шерифот на округот Грин Лејк, Марк Подол.
Превртениот кајак и појасот за спасување на Рајан биле пронајдени во езерото, а подоцна биле пронајдени неговиот риболовен стап и кутијата со риболовен прибор. Цели 54 дена по него трагаа нуркачи, дронови, сонари и кучиња трагачи, а на властите им помагаше организацијата за волонтерска потрага „Наследството на Брус“. Површина од 1.500 хектари беше „исчешлана“, но сè беше неуспешно.
И потоа, во октомври оваа година, дојде до неверојатен пресврт во истрагата – благодарение на канадските власти, според кои Боргварт пријавил губење на пасошот и побарал нов на 13 август, само еден ден откако биле пријавени за исчезнати.
Инспекторите дознале дека Рајан комуницирал со жена од Узбекистан и префрлал пари во странски банки, а претходно, во јануари, извадил полиса за животно осигурување од 375.000 долари и купил картичка за подарок од авиокомпанија.
-Нашата потрага по таа личност дефинитивно е завршена. Целосно сум шокиран. Овој човек всушност ја исценирал својата смрт. Колку што знаеме, тој сега е некаде во Источна Европа – рекол шерифот Подол.
Боргварт потенцијално би можел да се соочи со обвиненија за измама, но понатамошната евалуација сè уште се чека. Во меѓувреме, властите се надеваат дека ќе успеат да ги повратат трошоците за потрагата.
-Тој ми одзеде многу време и ме чинеше многу пари… Бев таму кога шерифот ја соопшти веста на семејството на Рајан. Беше потресно… Се чувствувам ужасно за нив. На крајот од ден, тие се оние кои навистина ќе се измачуваат – рече Кит Кормикан, водач на организацијата за волонтерска потрага „Наследството на Брус“.
Се уште не е познато дали Боргварт имал помош во овој случај, но според шерифот, неговата сопруга не била вмешана.
-Рајан, ако го гледаш ова, контактирајте со нас или со вашето семејство. Разбираме дека работите може да се случат, но има семејство, има деца кои сакаат да им се врати таткото – му порачал шерифот Подол на Боргварт.