НУ Народен театар-Битола годинава ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 ноември, во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј, ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф.М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимографка е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Претставата „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври, на малата сцена во МНТ, и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ на оваа љубовна драма се закажани на 15 и 28 ноември, со почеток во 20 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.