Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша два закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во земјата.
Според веб-страницата на Врховната Рада, Парламентот, статусот на двата закони е ажуриран, што покажува дека тие стапиле во сила со потписот на Зеленски.
Со потпишувањето на овие два закони, вонредната состојба и мобилизацијата во Украина се продолжени за уште три месеци до 7 февруари 2025 година.
Зеленски на 28 октомври до Собранието достави два предлог-закони, кои еден ден подоцна беа усвоени од Врховната рада.
Украинскиот претседател првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките беа продолжени неколку пати.