Меѓународни успеси
Со претставата „Мудроста што го водеше Александар Македонски“, ученици од ООУ“Васил Главинов“ од Велес и членови од драмското студио „Словото“ неодамна учествуваа на театарски фестивал во Сардинија, Италија. Претставата е работена по текст и во режија на Весна Димитрова Бобевски.
Овој настан претставуваше голема можност за учениците и членовите на драмското студио да ги покажат својата креативност и талент со интересна тема, која ги спојува историјата и уметноста. Претставата е реализирана по повод патрониот празник на училиштето, заедно со наставничката по историја Габи Андонова.
Претставата остави силен впечаток кај публиката, но и пред жирито. Беше наградена со четири награди и беше прогласена за апсолутен победник на фестивалот, односно за најдобра претстава во целост.
Награда за најдобра машка улога доби Илија Најдов за улогата на Александар Македонски, за најдобра женска улога беше наградена Ивана Милошева за улогата на Олимпија, за најдобра епизодна улога признанието отиде кај Димитар Витев, кој го играше Филип Втори Македонски.