Фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, им се заблагодари на сите што му помогнаа да ја освои Златната топка.
– Ова е единствено чувство. Мило ми е и горд сум. Сега е тешко да ги опишам моите емоции, но сакам да им се заблагодарам на сите што ми дозволија да бидам тука. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и тренери, на Реал и на хрватскиот тим, сите што гласаа за мене, како и моето семејство. Мојата сопруга и децата кои ми се радуваат и ми помагаат да постигнам успех во сите аспекти. Ова е неверојатно чувство и големо задоволство да бидам тука кај сите овие играчи. Се уште се обидувам да сфатам дека станав дел од група извонредни фудбалери. Освојувањето титула значи дека оваа година навистина постигнав нешто посебно на теренот. 2018 беше моја година – изјави Модриќ.
Тој ја доби наградата фудбалер на 2018 година од „Франс Фудбал“, а беше прогласен за најдобар играч на годината во изборот на УЕФА и ФИФА.