Фото: СОС Детско село

Најхуманата и најблагородната организација во земјава, СОС Детско село, презентирајќи ја и промовирајќи ја својата 23-годишна грижа на најмилите и најневините дечиња во земјава кои не по своја вина останале без родителска грижа и топла прегратка, го одбележа Меѓународниот ден за грижа и поддршка на згрижувачките семејства.

Овој ден е можност да се оддаде признание на сите оние кои се вклучени во грижата за децата – згрижувачи, воспитувачи и социјални работници, психолози, социјални едукатори и рехабилитатори, педагози и останати кои со својата работа и посветеност го обликуваат животот на децата, овозможувајќи им безбедна и среќна иднина.

Оваа година одбележувањето на Меѓународниот ден на грижа и поддршка на згрижувачките семејства се реализираше под темата „Унапредување на достоинствената работа во економијата на грижа“.

Настанот за промоција на згрижувачките семејства во Македонија се одржа завчера во Домот за култура во „Автокоманда“ во организација на СОС Детско село каде што со пригодна слеченост и мал концерт на Силви Бенд се прослави важноста на згрижувачите и се испратија безброј пораки за поттикнување и охрабрување до сите оние кои се размислуваат да станат дел од оваа благородна мисија.

[Дечињата на фотографиите се модели за илустрација и пренесување на пораките и чувствата на децата кои станале дел од згрижувачките семејства]

 

– Меѓународниот ден на грижа и поддршка, кој се одбележува на 29 октомври, претставува можност да се подигне свеста за значењето на грижата и поддршката во заедницата. На овој ден сакаме да го поттикне вниманието на јавноста за важноста од обезбедувањето на грижа и поддршка на сите лица кои имаат потреба од тоа, особено на децата без родители и родителска грижа. Овој ден претставува глобален повик за солидарност и акција, каде што општествата ширум светот се фокусираат на потребата да се обезбеди сигурност, стабилност и поддршка за децата кои не можат да живеат со своите биолошки семејства – порачаа од СОС Детско село.

Тие додаваат дека згрижувачките семејства се препознаваат како клучни носители на грижа кои обезбедуваат безбедно и топло семејно опкружување за децата во потреба.

– Згрижувачките семејства се многу важни, бидејќи нудат непосредна и директна поддршка на децата кога им е потребна привремена или долготрајна грижа. Згрижувачите со својата посветеност, помагаат во намалувањето на траумата која децата може да ја доживеат кога се соочуваат со несигурност и губење на семејната стабилност. Преку својата посветеност и љубов, згрижувачките придонесуваат за развојот и благосостојбата на децата, помагајќи им да ја надминат кризата во која се наоѓаат и да се развијат во здрави и стабилни личности – велет од СОС Детско село.

Една од клучни поенти од резолуцијата е Признавање на трудот во грижата: Важно е да ги цениме сите кои се грижат, без разлика дали се платени или не.

– Промоцијата на згрижувачките семејства е од огромно значење на овој ден, бидејќи згрижувачите имаат важна улога во овозможувањето на децата да се чувствуваат сакани, заштитени и поддржани додека растат и се развиваат. Многу деца, поради различни причини, се соочуваат со ситуации на губење на родителска грижа, а згрижувачките семејства претставуваат мост кој им помага да се адаптираат, да ги надминат траумите и да го најдат својот пат кон стабилност и среќа. Тие овозможуваат континуитет на семејната грижа, што е од клучно значење за емоционалниот и психолошкиот развој на децата – додаваат од СОС Детско село.