Поетски перформанс на американската поетеса Џенифер Малони ќе се одржи во атарот на црквата „Св. Петка“, кај бистата на Живко Чинго во село Велгошти, Охрид, на 21 октомври со почеток во 16:30 часот.
– Овој настан ќе биде во надворешен амбиент во овој есенски период, придружен со музика и читање поезија. Прекрасната природа ќе биде инспиративна за секој што ужива во уметноста – велат организаторите.
Малони е писателка и коуредничка на поетската антологија „Moving Images: Poetry Inspired by Film (Before Your Quiet Eyes Publishing, 2021) и авторка на книгите „Don’t Let God Know You Are Singing“ и „Evidence of Fire“.