Македонија за прв пат во историјата на спортскиот крапски риболов во нашата земја, освои прво место на неодамна завршеното Балканско првенство што се одржа на езерото Мавровица, кај Свети Николе, од 3 до 6 октомври. Освен од Македонија, како домаќин, учествуваа и натпреварувачките екипи од: Словенија, Србија, Бугарија и од Албанија.
Станува збор за успешна завршница на 15. Јадранско-подунавски куп, каде во лоши временски услови, со неизвесна борба до крај, победата ја однесе екипата „СО2“ од ЗСРРК „Вардар“ од Скопје, на чело со капитенот Јован Миловски и натпреварувачите Александар Миловски и Мирослав Савиќ.
Второто место припадна на екипата „Тим Моџо“ (Team Mojo) од Бугарија, а третото место го освоија натпреварувачите од УСР Шаран – Кикинда, Србија. На оваа екипа и приупадна и пехарот за најголема уловена риба.
Учесниците и натпреварувачите, како и сите оние кои беа логистика изразуваат задоволство за одлично организираниот натпревар, како и за целосната организација од страна на Македонската риболовна федерација.