Михајлово

Се гради скијачкиот центар во Михајлово, зимската сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Центарот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, што веќе при крајот на ноември се очекува да се монтира, доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации – појасни Јанчев.

Тој додаде дека е ова уште еден голем проект и инвестиција што го продолжува и така брзиот развој на општината, ветен во предизборната програма, а од денес, како што рече, овој проект станува реалност.