Денеска министерот Владо Мисајловски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД, Ангела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваa на методско-показна вежба со боеви гаѓања, на АП „Криволак“.
– Вежбата е демонстрација на способностите и капацитетите на подготвеност на зајакнатата пешадиска чета, која е дел од Лесната пешадиска баталјонска група.
Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите и да придонесуваме за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко – порача министерот Мисајловски.
Денешната вежбовна активност беше реализирана од страна на припадниците на ЛПБГ и за време на вежбата за прв пат беше употребен нов систем вграден на лесно оклопно возило – JLTV, далечински управувана вооружена станица, каде лицето кое што ракува со системот е заштитено.