Тетовската полиција соопшти дека вкупно седум лица се приведени, од кои четворица добија 30 дневен притвор поради престрелката во петокот навечер во центарот на градот. Судија во предходна постапка им ја одредил мерката, по што се предадени во КПУ затвор Скопје за издржување на мерката.
Во притвор се Д.М (43) од Лавце, Б.Д (43) од Тетово, Џ.Р (28) од Шипковица,тројцата кои вечерта по престрелката беа приведени, како и 37 годишниот А.М од Тетово а кој е најден и приведен во текот на вчерашниот ден. Притворените се сомничат за предизвикување општа опасност член 288 од кривичен законик и недозволено поседување оружје член 396..
Се дознава дека полицијата бара уште шест лица, односно дека осомничени се 13 луѓе како учесници во престрелката во петокот кога беше пукано од пиштоли и калашникови, а за среќа немаше повредени.
Мотивите се уште не се познати, ќе се утврдуваат во понатамошните денови, велат од полицијата.