Фото: Маја Јаневска-Илиева

Су Леи, вршител на должноста Амбасадор на НР Кина во Северна Македонија, во врска со тајванското прашање

Принципот една Кина е основата за Кина да воспостави и развива дипломатски односи со земјите ширум светот, вклучително и со Северна Македонија. Неодамна, тајванските власти и лидери како Лаи Чинг-те дадоа погрешни забелешки во врска со Тајван, честопати впуштајќи се во провокации за „независноста на Тајван“, преувеличувајќи ја таканаречената „кинеска закана“ и одбивајќи да го прифатат „Консензусот од 1992 година“. Нивната цел е да ескалира тензијата во Тајванскиот теснец, поддржани од одредени антикинески сили кои се обидуваат да „го користат Тајван за да ја ограничат Кина“. Тајванското прашање е строго од областа на внатрешните работи на Кина и сите обиди истото да се искористи со цел мешање во внатрешните работи на Кина и попречување на процесот на повторно обединување се осудени на неуспех. Кина неизбежно на крајот ќе се обедини. Сега ќе одговорам на вашите прашања во врска со проблемот со Тајван, го започнува интервјуто Су Леи, вршител на должноста Амбасадор на НР Кина

Неодамна, тајванските власти објавија дека имаат намера да ја оспорат резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ОН на претстојното 79-то Генерално собрание на ОН и да побараат да се приклучат на системот на ОН. Кој е вашиот коментар?

– Тајван е дел од Кина уште од древни времиња. Тоа е историски факт и меѓународен консензус. На 25 октомври 1971 година, 26-то Генерално собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 2758 со огромно мнозинство, која целосно и дефинитивно се однесува на претставување на цела Кина, вклучително и Тајван, во Обединетите нации во политичкa, правнa и процедуралнa перспективa. Јасно е дека постои само една Кина во светот и дека Тајван е нејзин дел, а не посебна земја. Исто така, утврдено е дека Кина има само едно место во Обединетите нации, претставена е исклучиво од владата на Народна Република Кина. Не постои прашање за „две Кини“ или „една Кина и еден Тајван“. Документите на ОН дополнително го дефинираат Тајван како кинеска провинција.
Резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ОН е политички документ кој го отелотворува принципот на една Кина. Нејзиното правно дејство е целосно потврдено од меѓународната практика и не може погрешно да се толкува. Тајван нема основа, причина или право да биде дел од Обединетите нации или други меѓународни организации кои се ексклузивитет на суверените држави.

Лаи Чинг-те многу пати јавно изјави дека Република Кина и Народна Република Кина не се подредени една на друга. Кој е вашиот коментар за ова?

– Аргументот на Лаи Чинг-те за „взаемна неподреденост“ претставува типична заблуда за „независноста на Тајван“. И копното и Тајван се дел од Кина, а Тајван е нејзин составен дел. Историскиот контекст и правните факти се очигледни. Во 1943 година, владите на Кина, Соединетите Американски Држави и Британија заеднички ја издадоа Декларацијата од Каиро, во која јасно беше наведено дека Тајван, кој беше преземен од Јапонија, ќе и биде вратен на Кина. Членот 8 од Објавата од Потсдам, чија цел беше завршување на Втората светска војна во 1945 година, предвидуваше дека „одредбите од Декларацијата од Каиро ќе се спроведат“. Сето ова e потврдa дека Тајван е дел од Кина и дека никогаш не бил, ниту ќе биде независна земја. Ова е фундаментален историски факт и консензус на меѓународната заедница. Таканаречената „независност на Тајван“ е обид да се одвои Тајван од Кина. Тоа претставува сериозен чин на сепаратизам кој ги поткопува заедничките интереси на сонародниците од двете страни на Тајванскиот теснец како и основните интереси на кинеската нација и истото ќе води во ќорсокак.

Откако Кина ги издаде „Мислењата за казнување на злосторствата за поделбата на земјата и поттикнување на поделба од страна на фанатични елементи на „тајванската независност“ во согласност со законот“, постојат извештаи дека потегот на Кина има доведено до ескалација на ситуацијата, до поткопување на стабилноста и претставува обид еднострано да се промени статус квото во Тајванскиот теснец. Кој е вашиот коментар?

– Вистинското статус кво на ситуацијата во Тајванскиот теснец е дека и двете страни припаѓаат на една Кина, а Тајван е неотуѓив дел од нејзината територија. Фундаменталната причина за сегашната тензична ситуација во Тајванскиот теснец е тоа што властите на ДПП одбиваат да го признаат принципот на една Кина и „консензусот од 1992 година“, тврдоглаво придржувајќи се до сепаратистичката позиција за „независност на Тајван“ и во договор со надворешните сили, континуирано провоцијрајќи „независност“. Стабилноста на тајванскиот теснец е во интерес на сите страни, а токму сепаратистичките сили за “независност на Тајван” на островот ги поткопуваат мирот и стабилноста во регионот. Како долготраен проблем уште од времето на кинеската граѓанска војна, Тајван на крајот ќе се врати во прегратките на татковината и двете страни на теснецот сигурно ќе постигнат обединување. Ова е цврста волја на 1,4 милијарди Кинези и неизбежен тренд на историјата. „Независноста на Тајван“ и мирот во Тајванскиот теснец се суштински некомпатибилни. Почитувањето на принципот на една Кина треба да го поддржи нејзиното мирно обединување; за да се обезбеди мир и стабилност во Тајванскиот теснец, од суштинско значење е цврсто да се спротивставиме на „независноста на Тајван“.