Фото: З.А

Едно од најпознатите црковни светилишта во земјава манастиирот Пресвета Богородица Пречиста, го прослави својот патрон, „Рождество на Мајката Божја“.
Традиционално манастирот беше посетен од повеќе илјади верници од Кичево, блиската околина и соседните градови.

Одбележувањето на овој голем празник кичевскиот манастир го започнува синоќа, а главниот настан се случи денес.

– Манастирот Пресвета Богородица Пречиста одбележувањето на овој голем празник го започна синоќа со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј, а присуствуваа и Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел и Епископ Антаниски Г-дин Партениј. Во текот на богослужбата искушеничката Душица од манастирското сестринство беше вброена кон рамноангелскиот монашки чин. Кумовите на манастирот за сите верници присутни во манастирските конаци и предворјето организираа манастирски ручек – истакна отец Александар Крстаноски.

Фото: З.А

Тој појасни дека празнувањето на Рождество на мајката Божја започна денес во 7 часот кога беше отслужена утрена богослужба, а потоа во 8.45 часот се случи пречекот на митрополитите.

– Во 9 часот започна служењето на Светата архиерејска Златоустова Литургија надополнето со најубавото источно православно пеење на нашите најдраги пријатели од Света Гора архимандритите, отец Матеј, отец Антила и отец Херувим, монаси, псалти и други гости – додаде отецот.

З.А