Фото: Пиксабеј

Милиони жени низ светот се борат со целулит. Дури и оние што имаат вита става имаат кожа како кора од портокал на бутовите. Вклучете масажа во вашата дневна рутина доколку сакате да се ослободите од оваа појава. Целулитот се појавува кога масните клетки под кожата го туркаат сврзувачкото ткиво, предизвикувајќи дупчиња на кожата. Најчесто се јавува на бутовите, задникот и стомакот. Можете да се борите со него на неколку начини: вежби, правилна исхрана, специјални третмани и антицелулитна масажа. Најефикасно е кога ги комбинирате сите овие техники, но доколку сте се одлучиле за масажи и немате можност да одите во салон, обидете се да научите некои основни потези и да ги примените сами дома.

Чекор 1: Седнете на стол, ставете ги стапалата на подот или на издолжен држач, идеална висина би било околу 30 см од подот. Притиснете го бутот со двете раце (цели дланки). Започнете од колената и движете се кон ципите. Менувајте го интензитетот на притискање, како и брзината на „тапкање“ по бутовите. Правете ја оваа вежба околу 4 минути на секоја нога.

Чекор 2: Стиснете ги тупаниците и притискајте ги бутовите, не премногу силно. Започнете од колената и движете се кон ципите. Оваа масажа се прави помеѓу 4 и 5 минути.

Чекор 3: Спојте ги рацете околу бутовите и преплетете ги прстите. Закачете ги цврсто за бутот и преместете ги од коленото до ципите. За оваа масажа задолжително користете антицелулитен крем или масло за масажа. Кога ќе завршите со движењето, отплеткајте ги рацете во близината на ципите и „затегнете“ ги бутовите. Оваа вежба треба да трае малку подолго, најмалку 8 минути.

Чекор 4: По бутовите, преминете на задникот. Застанете во стоечка положба и ставете ја тупаницата на десната страна од задникот. Завртете го зглобот спротивно од стрелките на часовникот. Исто така, движете ја тупаницата од колкот до бутот и потоа вратете ја на колкот. Повторувајте ја оваа вежба околу 5 минути.