Фото: ЕПА

Подготви: Христо Ивановски

Кина во петокот испрати шест нови сателити во вселената од центарот за лансирање сателити Таијуан во северната кинеска провинција Шанкси.

Сателитите „Џилин-1 Куанфу 02Б 01-06“ (Jilin-1 Kuanfu 02B 01-06) беа лансирани во 12.11 часот по пекиншко време, на ракета носач „Долг марш“ (Long March-2D) и успешно влегоа во претходно поставената орбита од центарот за лансирање сателити Таијуан, во северната кинеска провинција Шанкси.

Лансирањето ја означува 536-та летна мисија од серијата ракети носачи „Долг марш“.