„Слип намбер 360“ е генерација на паметни кревети на кои можеме да се испружиме и цврсто да заспиеме Светлосни ефекти, аудиорепродукција на точно одредена фреквенција, осветлување со избран спектар на светлосни зраци и механички приспособлив душек се само некои од опциите. Креветот треба да биде поставен веднаш до ѕидот, одвоен толку многу што може удобно да се помине покрај него, поради светлосните ефекти што се емитуваат зад, под и околу страните на креветот, така што нашиот мозок влегува во помирна состојба на спиење.
Аудиоефектите го намалуваат околниот шум и го репродуцираат звукот на фреквенцијата идеална за заспивање на начин што го одмора мозокот и му помага на остатокот од целото тело. Исто така, доколку читате пред спиење, вградени се четири специјални светилки, чие осветлување не содржи лоши делови од светлосниот спектар, без разлика дали читате на уред, телефон или класична книга. На овој начин очите не се заморуваат, а мозокот не се напрега поради синкавата светлина, која се смета за штетна не само за очите туку и за нервниот систем.
Вештачка интелигенција со своите сензори ги следи ритамот на спиење, отчукувањата на срцето, дишењето, ‘рчењето и други појави за време на спиењето. Таа прави континуирани извештаи и може да му помогне на корисникот да спие подобро. Креветот има и механизам што механички може да ја создаде најдобрата положба за секој што спие на него, да ја подигне главата на креветот или одредени делови на телото на кои им е потребно тоа.
Креветот „слип намбер 360“ е опремен со полици за извлекување, кои може да се приспособат на потребната висина или растојание, џебови за гаџети со полначи, како и рачки за извлекување за полесно легнување. Рамениците и главата може да се подигнат без поместување на ‘рбетот, а има и греалки за стапалата. Креветот има и систем за вентилација и ја мери температурата при спиењето.