Фото: „Нова Македонија“

Според податоците на „Фудбал трансфер“, потрошувачката на Премиер-лигата била повеќе од двојно поголема од онаа на најблискиот ривал, италијанската Серија А, а осум клуба од најсилната англиска лига ги урнаа своите трансфер-рекорди, пишува „Би-би-си“

ФУДБАЛ – ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК

Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига повторно вложија најмногу, околу 2,6 милијарди долари, во летниот преоден рок, кој беше затворен во петокот за петте најсилни европски лиги, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Според податоците на „Фудбал трансфер“, потрошувачката на клубовите во Премиер-лигата била повеќе од двојно поголема од онаа на најблискиот ривал, италијанската фудбалска Серија А, а осум клуба од најсилното англиско првенство (Брајтон, Борнмут, Брентфорд, Фулам, Астон вила, Ипсвич, Нотингем форест и Тотенхем) ги урнаа своите трансфер-рекорди, пишува „Би-би-си“.
Трите промовирани тима во Премиер-лигата за новата сезона, Ипсвич, Саутемптон и Лестер, вложија речиси 300 милиони фунти, а далеку од Премиер-лигата, Бирмингем го урна рекордот во Лига 1 со ангажман на напаѓачот Џеј Стенсфилд за повеќе од 10 милиони фунти, откако претходниот рекорд за трансфер во третото ниво на Англија беше потпишувањето на Сандерленд за четири милиони фунти на Вил Григ во 2019 година, пишува „Би-би-си“. Н.М.