Амбасадорот и постојан претставник во ООН во Њујорк, проф. д-р Љубомир Фрчкоски поднел оставка на позицијата. Фрчкоски оставката ја поднел до претседателката Гордана Силјановска – Давкова.
Од Кабинетот на Силјановска-Давкова за МИА потврдуваат дека е стигната писмена оставка од амбасадорот Фрчкоски.
Оставката, како што објавија дел од медиумите, е доставена и до Министерството за надворешни работи.
Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.
Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.