Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост, Босна и Херцеговина, откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.
Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил – директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, а полицијата е на местото на злосторството.
Според локалните медиуми, извршителот на злосторството си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во Сански Мост. Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со училишното раководство.
-Лицето М.В со автоматско огнено оружје убил тројца вработени во училиштето. После тоа, тој се обидел да си пресуди и се здобил со тешки телесни повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на лице место – изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон Аднан Бегановиќ.