Фото: Маја Јаневска-Илиева

ИН МЕМОРИАМ

Во понеделникот во Скопје, на 85-годишна возраст, почина легендарниот македонски кошаркарски тренер и спортски работник Лазар Лечиќ, човекот без кој не можеше да се замисли македонската кошарка. Лечиќ беше еден од најистакнатите кошаркарски работници во поранешна СФР Југославија, кој потоа своето богато тренерско умеење го пренесе и во независна Македонија. Тој беше тренер што остави неизбришливи траги во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на оваа динамична игра од осамостојувањето на Македонија.
Лечиќ ја почна кариерата во Работнички, чиј тренер беше во неколку наврати. Најпрво од 1962 до 1972, потоа од 1975 до 1978 година. Работеше во МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Борац Чачак (Србија), Војводина (Србија), Олимпија (Словенија), Арис (Грција). Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана го освои златниот медал. Во 2015 година Лечиќ ја доби престижната државна награда „8 Септември“. Погребот на Лечиќ ќе биде денеска, на гробиштата Бутел, а телото ќе биде изложено од 10.30 до 11.30 часот.