Пожарот на планинскиот врв Магаро на Галичица се спушта во насока на населбата Стење и истиот е поделен во два крака. Едниот се движи во насока на Стење, односно шумата која се наоѓа над населбата Стење, додека вториот крак се движи во насока на еден од планинарските домови, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Во прилог објавуваме видео со пренос во живо од пожарот на Галичица.