СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Л.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што информира денеска МВР, во периодот од јануари 2023 до 9 мај 2024 година пријавената од картичка на туѓо име подигнала парични средства од банкомати на банка на повеќе локации, со што се стекнала со противправна имотна корист од 200.000 денари.