фото: ЕПА

Палестинското исламистичко движење „Хамас“, кое управува со Појасот Газа го избра Халед Машал за привремен лидер, јавуваат арапските медиуми.

Според изворите на порталите Ал-Арабија и Ал-Хадад, лидерите на групата се согласија Машал да биде на чело на Хамас до одржувањето на нови избори.

Машал, кој беше лидер на групата од 1996 до 2017 година и сега живее во Катар, е избран за привремен лидер на движењето по убиството на Исмаил Ханија.

Ханија беше убиен во среда во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, кого го обвинуваат за нападот. Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако ден претходно во Техеран се одржа погребната церемонија.