Големи пожари денеска повторно избија во егејскиот турски округ Измир каде се евакуирани жители на две населби, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Од засега непознати причини избувнал шумски пожар во реонот на градот Урла. Бидејќи пламенот се проширил во станбена зона, луѓето морале да бидат евакуирани од вкупно 120 домови во две населби.
Во напорите за гаснење на пожарите се вклучени девет противпожарни авиони и девет противпожарни хеликоптери, десетици противпожарни возила.
Пожар избувна денеска и во близина на одморалиштето Чешме. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пламенот со три авиони и неколку противпожарни возила.
Пред две недели, силните пожари беа причина аеродромот близу Измир двапати да ја прекине работата.