Дваесет коњаници од кичевската коњаница „Пресвета Богородица Пречиста“ денеска тргнаа на Илинденскиот марш, предводени од војводата Мите Мечоски од Демир Хисар.
Коњаницата го почна маршот со посета на манастирот чие име го носи и кадешто се оддржа света божествена литургија. По богослужбата, коњаниците положија заклетва.
-На маршот, коњаниците влегоа во Кичево и ја посетија градската црква „Св. Петар и Павле“, по што се упатија кон селата од Беличка река. Вечерва со комитска вечер ќе го заокружат првиот ден од годинешниот Илинденски марш во село Козица, родното село на Јордан Пиперката – истакна долгогодишниот член Станоја Станојоски.
Во коњаницата има три девојчиња, по едно од Кичево, Гостивар и Демихисар.
– Најмладиот член на коњаницата Анамарија Андреска од Демирхисар има 14 години и втор пат е дел од маршот. Членуваат и Викторија Ѓурчиноска од Кичево и Андреа Данилоска од Гостивар – додаде Станојоски. З.А.