Репрезентациите на Шпанија и на Англија заработија најмногу од годинашното фудбалско Европско првенство во Германија. Новиот европски првак Шпанија заработи 28,25 милиони евра од наградниот фонд на Европската фудбалска унија (УЕФА), а вицешампионот Англија 24,25 милиони евра. Од полуфиналистите, Франција заработи 19,25 милиони евра, а Холандија 18,75 милиони евра. УЕФА за настапот во групите одреди премија од 9,25 милиони евра, за секоја победа еден милион, за реми по 500.000, пласманот во осминафиналето носеше 1,5, во четврт-финалето 2,5, а во полуфиналето четири милиони евра. Финалистот доби уште пет милиони, а првакот осум милиони евра. Максималната сума што една селекција можеше да ја освои е 28,25 милиони евра и тоа го оствари Шпанија со сите седум победи на ЕП 2024. Н.М.