Поранешниот американски претсеател Доналд Трамп денеска повика да бидат отфрлени сите судски процеси против него, откако судија на Флорида го отфрли случајот против него за наводно лошо постапување со строго тајни документи.
– Ова отфрлање … во Флорида треба да биде само првиот чекор, проследено со брзо отфрлање на СИТЕ ловења на вештерки – наведе Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит.
Таа одлука доаѓа откако Врховниот суд објави дека претседателот има имунитет за службени дела, пренесува „Гардијан“