Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Европа и светот се пред тежок период и дека е важно припадниците на полицијата да ја обезбедат секоја педа на Србија за да секој град и село бидат сигурни, а сите граѓани на Србија да бидат безбедни, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ предупреди дека безбедносната ситуација во светот е загрозена и дека во иднина ќе биде уште потешко.
– Живееме во свет во кој нема безбедност, нема стабилност и не може лесно да се види што ќе се случи до крајот на годината, а камоли да се планира многу тоа за иднината. Затоа мораме да размислуваме за нашата земја и да бидеме добро подготвени за секое можно сценарио. Добро да разбереме што се случува во светот, што се случува во Европа и каде е нашата Србија во сето ова – рече Вучиќ за време на говорот на централната церемонија по повод Денот на Министерството за внатрешни работи и полицијата.
Претседателот на Србија посочи дека во последните години како последица на климатските промени често има пожари и во Србија и во регионот.
– Многу е важно да бидеме подготвени да гаснеме пожари насекаде. Затоа купивме два најмодерни, најсовремени руски хеликоптери. Затоа купуваме дополнителна опрема за нашите пожарникари, бидејќи јас сум сигурни дека таа работа ќе ја имаме не само во Србија во текот на летните месеци, туку и во целиот регион – заклучува Вучиќ.