Ракометарите на Барселона го совладаа дански Алборг со 31-30 (15-15) во неизвесното финале од фајналфорот на Лигата на шампионите (ЛШ) одиграно во германски Келн, со што ја освоија 12-та титула европски првак во клупската историја. Финалето го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Овој меч беше последен во клупската кариера за еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Данецот Микел Хансен, кој кариерата ја заврши беа освоена Лига на шампионите.
Барселона до победата ја предводеа Ханиел Лангаро со осум, Дика Мем со седум, Тимоти Енгесан со шест гола. За Алборг, Микел Хансен постигна осум, а Мадс Хангард и Томас Арнолдсен со по шест.
Барселона на пет минути до крајот стекна предност од 30-27, по што Алборг успеа да пријде на гол негатива, го имаше и последниот напад, но Хансен ја погоди гредата од деветерец по истекот од времето.
Претходно, во дуелот на германските великани за третото место, Кил го победи ланскиот освојувач на ЛШ Магдебург со 32-28.