Кинескиот претседател Си Џинпинг, претседателот на Киргистан, Садир Јапаров, и претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, во четвртокот преку видеоврска го честитаа потпишувањето на меѓувладиниот договор во Пекинг за железничкиот проект Кина – Киргистан – Узбекистан, јави агенцијата „Синхуа“.
Си посочи дека железницата е стратегиски проект за поврзување меѓу Кина и Централна Азија и значаен проект на напорите за соработка на трите земји во рамките на иницијативата „Појас и пат“.
Тој рече дека потпишувањето на меѓувладиниот договор ќе обезбеди солидна правна основа за изградба на проектот, со што ќе се означи транзицијата на железницата од визија во реалност и ќе му се покаже на светот цврстата определба на трите земји да ја промовираат соработката и да бараат развој заедно.
– Кина е подготвена да работи со Киргистан и Узбекистан за да се подготви за почнување на проектот и да го изгради овој стратегиски коридор на ран датум за да има корист за трите земји и нивните народи и да ги поттикне економскиот и социјалниот развој на регионот – рече Си.
Јапаров рече дека железницата е водечки проект на трите земји во заедничкото градење на иницијативата „Појас и пат“. Откако ќе биде завршен, ќе стане нова транспортна маршрута што ќе ја поврзува Азија со Европа и со земјите од Персискиот Залив, што е од големо значење за промовирање на поврзувањето и зајакнување на економската и трговската размена меѓу земјите по должината на маршрутата и во регионот како целина, рече тој.