Армијата на Демократска Република Конго денеска соопшти дека спречила атентат врз претседателот Феликс Чисекеди во Киншаса, во кој биле вмешани и странски државјани.
Портпаролот на армијата на ДР Конго, бригадниот генерал Силавин Екенге изјави дека за обидот за атентат се уапсени 50 осомничени, меѓу кои тројца американски и еден британски државјанин.
Тој посочи дека „сега ситуацијата е под контрола“.
Претходно, вооружени лица упаднаа во куќата на поранешниот началник на ГШ, Витал Камерхе, кој е близок соработник на претседателот Чисекеди.
Според очевидците од 20-на напаѓачи во воени униформи влегла во резиденцијата и отворила оган, при што загинаа двајца чувари и еден напаѓач.
Напаѓачите ја окупираа и Палатата на народите и канцеларијата на претседателот во центарот на градот, која беше специјално обезбедена од Републиканската гарда.
Претседателот Чисекеди засега не го коментираше инцидентот.