Фото: Принтскрин/Јутуб

Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави денеска дека тој и рускиот колега Владимир Путин се согласиле за потребата од политичко решение за војната во Украина, по разговорите меѓу двајцата претседатели во Пекинг.

– Двете страни се согласуваат дека политичкото решение за украинската криза е правилна насока – изјави Си за медиумите на заедничката прес-конференција со Путин што ја емитуваше руската телевизија.

Претседателот на Русија денеска пристигна во дводневна посета на Кина. Тоа е прво патување на Путин во странство откако тој беше реизбран за претседател во март. Путин за нешто повеќе од шест месеци вторпат е во посета на Кина.