По 11-те кола во машката Суперлига, шест екипи се во трка за пласман во плејоф-завршницата од домашното првенство, каде што има место само за четири екипи, кои заедно со Металург и Вардар ќе разигруваат за 27-та титула првак на Македонија во ракомет.
Со одлична игра во завршницата од мечот, ракометарите на Пелистер успеаја да ја анулираат негативата од три гола на Пролет и да си заминат со бод во Битола. Рутински победи забележаа Струга и Прилеп на гостувањата кај Вардар јуниор и кај Борец. Младите вардарци немаа решение за мотивираниот и разигран состав на Струга, кој предводен од Ненад Костески (10 гола) забележа лесна победа.
Доминантна игра на гостински терен покажа и Прилеп, кој на Борец му го нанесе 11-от пораз сезонава, 32-26.