Промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски ќе се одржи в среда (24 април) во „Лабораториум“ со почеток во 20 часот.
Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.
Јовица Ивановски е роден во 1961 година во Скопје. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.
Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).