Европскиот регулатор за енергетика го предупреди Брисел:
Европскиот регулатор за енергетика „Ацер“ предупреди дека Европската Унија сепак мора да увезува течен природен гас (ТПГ) од Русија за да избегне енергетски шок. Ваквата реакција на енергетскиот регулатор на ЕУ следуваше откако некои членки на ЕУ упорно инсистираа да се забрани купување гориво од Москва.
„Ацер“ во петокот објави дека намалувањето на увозот на руски ТПГ треба да биде постепено. Во врска со ова, „Фајненшл тајмс“ укажува дека предупредувањето доаѓа додека ЕУ се обидува да ја балансира енергетската безбедност со цел да го намали финансирањето на Русија поради кратењата во купувањето гас. Иако ЕУ успеа да ги замени испораките на руски гас преку гасоводот со увоз на ТПГ од почетокот на војната во Украина во 2022 година, глобалниот пазар на гас останува затегнат. Русија сега е втор најголем снабдувач на ТПГ во ЕУ, зад САД, со 16 отсто од вкупниот увоз минатата година.
Дел од земјите членки на ЕУ, а пред сѐ Шведска, Финска и балтичките земји, бараат итна забрана за увоз на руски ТПГ, за што е потребна едногласност на членките на ЕУ. Регулаторот, исто така, изрази загриженост дека некои членки ги користат новите овластувања „за привремено ограничување на испораките на гас, вклучувајќи и за ТПГ од Русија и Белорусија“, велејќи дека тоа може да влијае на долгорочните договори за снабдување склучени со Москва пред војната во Украина. ЕУ ги повика европските компании да избегнуваат купување руски ТПГ, бидејќи европските магацини се на рекордно ниво, а цените се намалени на предвоените нивоа.
Од своја страна регулаторот истакна дека прекинот на испораката на гас преку гасоводи од Русија преку Украина до ЕУ оваа година ќе го намали снабдувањето со гас на блокот за 13,6 милијарди кубни метри, што е околу четири отсто од вкупната потрошувачка од минатата година. Е.Р.
Цена на струјата во светот според истражувањето на World Population Review
Највисока цена на електричната енергија во светот по KW/h, во долари
Данска 0,53
Германија 0,52
Велика Британија 0,47
Австрија 0,46
Италија 0,46
Белгија 0,44
Бермуда 0,40
Шпанија 0,37
Кајмански Острови 0,37
Чешка Република 0,37
Цена на електричната енергија по KW/h во регионот, во долари
Словенија 0,27
Грција 0,20
Романија 0,17
Бугарија 0,14
Албанија 0,11
Македонија 0,10
Босна и Херцеговина 0,10
Србија 0,09
Турција 0,08