Клучната украинска утврдена линија на источниот фронт делумно попушти пред нападите на руските сили минатата недела, анализираат британските разузнавачки и воени аналитичари и блогери врз основа на своите многубројни разузнавачки форми на извори од теренот на фронтотКлучната украинска утврдена линија на источниот фронт делумно попушти пред нападите на руските сили минатата недела, анализираат
британските разузнавачки и воени аналитичари и блогери врз основа на своите многубројни разузнавачки форми на извори од теренот на фронтот
Британските разузнавачи објавија драматичен извештај за украинското боиште
Воената разузнавачка агенција на Обединетото Кралство објави невообичаено индикативна оцена за ситуацијата на украинското боиште, во близината на градот Авдиивка, кој од средината на февруари е под контрола на руските воени сили. Во една објава на социјалната мрежа X се вели: „Руските сили продолжија постепено да напредуваат западно од Авдиивка. До крајот на март 2024 година, тие речиси сигурно ја презедоа контролата врз две села – Тоненка и Орливка – и продолжуваат да напаѓаат други населби во областа“. Воената разузнавачка агенција на Обединетото Кралство додава дека Русија има значително повеќе вој
ници и муниција во областа отколку Украина и дека може да ги зголемува своите сили со 30.000 нови војници месечно.
Клинови на пробој во линијата на утврдување на украинските воени сили
Иако самите села не се од стратегиско значење и пред војната имаа едвај неколку стотици жители, тие беа дел од фронтовската линија за која Киев жестоко се бореше по повлекувањето од Авдиивка. Напуштањето на овие села малку повеќе од еден месец по рускиот настап кон запад укажува не само на рускиот момент туку, според британските разузнавачи, „и на кревкоста на украинските одбранбени линии“.
Британското соопштение дава една индикативна анализа за ситуацијата на фронтот, во време кога изгледите на Украина во воениот конфликт изгледаат сѐ поранливи. Украинската војска, како што анализираат британските разузнавачи, е „очајна за оружје и пари“, бидејќи воената помош вредна околу 60 милијарди долари е во застој поради противењето на републиканците во САД.
Украинскиот претседател Зеленски во петокот за „Вашингтон пост“ изјави дека „отсуството на американска помош значи дека Украина ќе се повлекува чекор по чекор“!
Киев се воздржува од коментар за британската разузнавачка процена
На украинските војници на фронтот итно им е потребна муниција за да ги запрат руските напредувања кон запад. Европската Унија се обиде да ја пополни празнината создадена од политичките конфликти во американскиот Конгрес, но мора да ги надмине и сопствените внатрешни несогласувања околу воената помош за Киев. Генералштабот на вооружените сили на Украина директно не ја коментираше британската процена, но последниот извештај од понеделникот зборуваше за борби за селото Уманск, околу четири километри западно од селото Тоненка. Украинската војска одби да коментира кој моментално го контролира Тоненка.
Украинскиот новинар Јуриј Бутусов на социјалните мрежи објави, како што рече, снимка од битката западно од Тоненка. Во телефонскиот разговор во понеделникот, Бутусов за Си-ен-ен изјави дека руските сили веќе некое време ја држат Тоненка, додавајќи: „Не можам да кажам дека линијата на фронтот во таа област е пробиена, но таа се движи и Русите постепено напредуваат“.
Генералштабот на Украина, исто така, соопшти дека нивните сили ги одбиле нападите во областите на селата Бердичи, Семенивка, Первомајска и Невелска, што укажува на серија руски обиди за нарушување на украинската одбрана. Војниците со кои разговараше Си-ен-ен на првите борбени линии изразија загриженост поради недостигот од украински одбранбени позиции и муниција.
Што објави Институтот за проучување на војната
Институтот за проучување на војната, американски аналитички и истражувачки центар, објави дека руските сили извршиле механизиран напад во близината на Тоненка во саботата, распоредувајќи 36 тенка и 12 оклопни транспортери. Според Институтот за проучување на војната, украинските сили се чини дека го одбиле овој руски обид, кој очигледно се однесува на нападот врз Уманск.
Дополнителни индикации за влошување на ситуацијата во Украина се појавија кога и украинските и руските блогери објавија дека руските сили постигнале значителен напредок кон Хасив Јар, главното упориште на Украина надвор од градот Бахмут, кој Русија го зазеде по неколкумесечна и исцрпувачка битка минатиот мај.
Неколку украински воени блогери во неделата пишуваа за тешката битка за Хасив Јар, а блогерот Камелеон предупредува дека растојанието до непријателските позиции е околу 650 метри. Истото растојание меѓу силите го пријави и прорускиот блогер Операција.
Подготвил: Далибор Станковиќ