Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.
Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе.
Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.
– Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот – рече папата.
По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој.
– Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ – рече папата во својата проповед.
Папата ја служеше церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но со зарипнат глас.
Папата поради своето здравје не присуствуваше на некои настани во Рим на Велики петок.
Денеска тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“.