Фото: Пиксабеј

Техно

Со новото „рено 5“ можете да се вратите во времето, да го поставите касетофонот некаде во автомобилот и да го поврзете преку блутут. Сето ова ќе ве чини само 180 евра.
Електричното „рено 5“ ја заскокотка светската автомобилска јавност со својот ретродизајн инспириран од минатото. Пофалбите главно се должат на дизајнот, а лансирањето на новиот модел, „Рено“ го искористи за пласман на дополнителни производи. Од голем број артикли што ќе се продаваат во онлајн продавницата, а веројатно и во салоните, најмногу внимание предизвика – касетофонот.
Изработен од алуминиум и опремен со приклучоци за слушалки и микрофон, преносливиот касетофон „плејер5“ има блутут и функционалност за репродукција и снимање. Батеријата на полнење трае до 10 часа, а „Рено“ додава празна касета од 60 минути на целото пакување. Во пакувањето е вклучено и пенкало за премотување на лентата.