Македонскиот дипломатски синдикат соопшти дека нивната Фејсбук-страница била цел на хакерски напад, но дека повторно е ставена во функција.
-Нашата Фејсбук-страница беше мета на хакерски напад. Во моментов повторно е активна и ставена во функција. Напоменуваме дека сите објави во последните 48 часови се направени без наша авторизација и истите ќе бидат отстранети – стои во соопштението од МДС.