Просечната висина на жените во Европа
Според истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО), просечната висина на мажот во Европа е 180 см, додека просечната висина на жената е 167 см. Различни фактори, како што се социоекономските и здравствените фактори, влијаат на просечната висина на двата пола, а во продолжение погледнете како се рангирани европските земји.
Највисоки жени во светот се Холанѓанките, со просечна висина од 170 сантиметри. Само еден милиметар подолу се жените од Црна Гора со 169,9 см. Веднаш зад нив се Данките со 169,4 см. На четврто место, според „Вона би толер“, е Србија со просечна висина од 168,2 сантиметри кај жените. Веднаш зад Србија е Чешка, со 167,9 сантиметри, а потоа е Литванија со 167,6 сантиметри. Седмото место го заземаат жените од Босна и Херцеговина со 167,4 сантиметри.
Жените во Словенија се во просек високи 167,2 см, а потоа следуваат Шведска и Норвешка (167 см). Хрватките се во просек високи 166,8 сантиметри, а следни на листата се Германките со 166,1. Меѓу пониските нации се Гркинките, кои се високи во просек околу 165 сантиметри, како и Шпанките и Французинките со 162 сантиметри.
Потоа, просечната висина на жените во Англија е 161, што е пониско од просечната висина во Европа. Причина за тоа се разликата во исхраната и ограничената физичка активност.
За најниски жени во Европа се сметаат Италијанките, чија просечна висина е 161 сантиметар, потоа Македонките со 160,9 сантиметри и на крајот Португалките (судејќи според статистиката од 2019 година), кои се и најниски со 160,6 сантиметри висина.